декември 23, 2024

Реал Мадрид, потоачно Флорентино Перез, сакаше и успеа да го девалвира успехот на Родри, кој синоќа во Париз ја освои Златната топка.

Перез мисли дека фудбалот се врти околу „кралскиот клуб“ и неговите фудбалери. Импулсивно реагираше кога дозна дека Винисиус Жуниор нема да ја освои престижната награда.

Претеседтелот на Реал, со делегацијата во која имало 50 луѓе реши да се врати од аеродрмото во Мадрид и да ја бојкотира свечената церемонија.

Потег со кој покажа неколегијалност и потег кој не му прилега на најголемиот клуб во историјата на фудбалот.

А Реал имаше лауреати во Париз, клубот е прогласен за најдобар минатата сезона, Карло Анчелоти е најдобар тренер, а Килијан Мбапе ја подели наградата за најдобар стрелец со Хари Кејн. Мбапе наградата ја заслужи како играч на ПСЖ, но синоќа требаше да присуствува на церемонијата како играч на Реа.

„Лекип“ излезе со свој коментар за бојкотот на Реал. Најпочитуваниот спортски медиум во светот е сопственик на „Франс Фудбал“, а со тоа и организатор на Златната топка.

Во коментарот уредникот Винсент Дулук силно му се нафрли на Реал и под наслов „Изборен пораз и морален пораз“ пишува: „Реал не признава дека добитникот на Златната топка не се знае однапред и дека не е еден од неговите играчи.

Затоа тој одби да дојде на доделувањето откако се прошири гласината дека Винисиус не е лауреат. Така ги направи Анчелоти и Мбапе, неговите победнички членови, свои заложници. Клубот од Мадрид направи потег кој докажува дека нема класа. Како губитник во изборот за Златна топка, клубот ги погази вредностите на спортот со непочитување на победникот“.

The post Лекип: Реал е комплетен губитник без стил appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK