Вилата на Метју Пери во Лос Анџелес има нов сопственик. Поранешната резиденција на ѕвездата на „Пријатели“, која почина на 28 октомври минатата година, ја купила филмската продуцентка и инвеститор од Аризона, Анита Верма-Лалијан за 8,55 милиони долари, според извештајот на Лос Анџелес Тајмс.
Модерната куќа со четири спални, која Пери ја купи во 2020 година за 6 милиони долари, Верма-Лалијан планира да ја користи како викендица.
Да потсетиме, Пери почина на 54-годишна возраст.
Портпаролот на судскиот совет во Лос Анџелес потврди во средината на декември минатата година дека Пери починал како последица на консумирање кетамин и давење.
Иако смртта се смета за несреќен случај, полицијата започна истрага бидејќи останува прашањето – кој го снабдувал Метју со кетаминот. Неколку лица се уапсени поради нивната вмешаност во заговорот за дистрибуција на кетаминот од кој почина актерот. Според обвинението, двајцата лекари првично го снабдувале актерот со залихи од кетамин, а кога лековите станале прескапи, тој ги набавил од други извори, меѓу кои и жена позната како „Кралицата на кетамин од Лос Анџелес“.
The post Вилата на Метју Пери доби нов сопственик, купена е за речиси 9 милиони долари appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде