декември 22, 2024

На граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од властите на Македонија, каде бил осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција.

Според полицијата, во соработка со службите на локалната полициска управа Кукс и како резултат на размена на информации со Интерпол Тирана, уапсен е Бурим Бајрами (38), жител на Гњилане, со цел екстрадиција во Македонија.

При проверките и разговорите во втор ред, на влез во државата, се покажа дека 38-годишниот маж е прогласен за меѓународен баран, откако Судот во Гостивар му изрекол шест години затвор за трговија со дрога. Од оваа казна му остануваат да одлежи околу една и пол година затвор, стои во соопштението.

Се додава дека Интерпол Тирана, во соработка со македонските колеги, ги спроведуваат процедурите за негова екстрадиција.

The post Косовец баран со македонска потерница фатен на граница со Албанија appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK