Двајца бегалци од затворот во Струмица се вратени за доиздржување на казните.
Во првиот случај, на 28.10.2024 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната, соопшти МВР.
Во вториот случај, истиот ден, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната, известуваат од министерството.
The post Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде