декември 22, 2024

Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиника Жан Митрев

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување.

Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.

Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK