декември 22, 2024

Познатата манекенка Жизел Бундхен е бремена! Една од најубавите жени на светот чека дете на 44 години, како што пренесува „Пипл“.

44-годишната манекенка и нејзиното 35-годишно момче Хоаким Валенте го очекуваат своето прво заедничко дете. Тоа ќе и биде трето дете на манекенката.

„Жизел и Хоаким се многу среќни“, изјави извор близок до парот за споменатиот медиум.

По разводот со Том Брејди, манекенката во 2023 година стапи во врска со Хоаким Валенте.

Жизел има две деца од претходниот брак.


The post Една од најубавите жени на светот бремена на 44 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK