Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант привлекоа внимание за време на неодамнешното излегување. Фотографите ги снимиле на романтична прошетка низ улиците на Лондон, а потоа парот отишол на вечера во еден од популарните ресторани таму.
Актерот (60) и визуелната уметничка (51) за време на излегувањето цело време се држеле за рака и не ја криеле љубовта. Тие им позираа на фотографите со насмевка, а актерот во еден момент дури и им мавна.
Киану и Александра првпат беа видени заедно во 2019 година на настан, кога новинарите ги фатија како се држат за рака. Недолго потоа тие признаа дека се заедно, а оттогаш се неразделни. Двојката ретко се гледа во јавноста.
The post Кијану Ривс снимен со девојката на романтична прошетка, не ја криеле љубовта appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
