Вчера во 10:00 часот во полициска станица во Гостивар 20-годишната Т.П. од гостивар пријавила дека била нападната на каса во маркет на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.
Ш.И. влегла во маркетот, почнала да се расправа, да ја навредува и се обидела физички да ја нападне. Во еден момент Ш.И. зела продукт од рафтот кој бил наменет за продажба и ја удрила.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
The post Жена нападнала продавачка во маркет во Гостивар, ја удрила со производ од рафтот appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде