декември 22, 2024

Првиот човек на реал Мадрид, Флорентино Перез, наредното лето е подоготвен да го продаде Аурелиен Чуамени. Францускиот репрезентативец е еден од омилените играчи на тренерот Карло Анчелоти, но во клубот заклучиле дека 24-годишникот го достигнал врвот на фудбалски план. Решиле да се насочат кон развојот на неговиот сонародник Едуардо Камавинга.

„Реал Мадрид ќе ги разгледа понудите за Чумани. Довербата во него е се послаба“, вели „Релево“ и додава: „Управата на клубот го претпочита Камавинга пред Чуамени, иако Карло Анчелоти не се согласува со таквата одлука. Карло Анчелоти е единствениот кој стои на страната на Чуамени. Останатите се предомислија и веруваат дека најдобра опција е клубот да го продаде“.

Во минатото за услугите на Чуамени сериозен интерес покажуваше Ливерпул, но тоа беше во периодот кога Јирген Клоп беше во клубот. Прашање е дали Чуамени е интересен играч и за Арне Слот.

Веројатно е дека Реал за францускиот репрезентативец ќе бара околу 80 милиони евра, колку што вложи во неговиот трансфер во јуни 2022 година.

Чуамени има одиграно 102 натпревари во дресот на кралскиот клуб со учинок од три гола и пет асистенции.

The post Реал ќе го стави Чуамени на трансфер листата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK