Клучниот збор овде е „недофатлив“. Мигрената може да донесе несигурност и речиси да ви го уништи животот. За жал, не е секогаш можно да се надмине само со помош на лекови против болки.
Многу симптоми како што се главоболки, непријатност, недостаток на енергија и несоница често се припишуваат на напорна работа, но тие можат да бидат резултат на ниското ниво на магнезиум и витамин К во телото.
Магнезиум
Придобивки: Магнезиумот е од суштинско значење за најмалку 300 различни хемиски реакции во телото. Тој помага да се претвори храната во енергија и да се создадат нови протеини и амино киселини. Корисен е и за ублажување на анксиозноста, стресот и заморот.
Магнезиумот може да биде од голема помош за намалување на честите главоболки, бидејќи недостатокот на овој минерал може да влијае на нивото на серотонин, функционирањето на крвните садови и невротрансмитерите. Ниското ниво на магнезиум може да доведе до депресија и несоница.
Препорачана дневна доза на магнезиум: 400 mg се препорачува за мажи на возраст од 19-30 години и 420 mg за постари лица. Жените треба да консумираат 310 mg (за возраст од 19-30 години) и 320 mg (за постари лица).
Најдобри извори на магнезиум: спанаќ, кафеав ориз, леб, риба, месо, авокадо…
Витамин К
Придобивки: Витаминот К игра важна улога во синтезата на протеини кои се неопходни за здравјето на крвните садови и запирање на крварењето. Недостатокот на овој витамин може да доведе до бројни модринки или крварење што е тешко да се запре.
Исто така, витаминот К заедно со витаминот Д помага за транспорт на калциум до коските, што придонесува за нивната цврстина. Ниското ниво на витамин К може да го зголеми ризикот од фрактури.
Препорачана дневна доза за витамин К: Варира во зависност од возраста, полот и тежината. Општото упатство за возрасни е 0,001 mg витамин К на секои 1 kg телесна тежина.
Најдобри извори на витамин К: босилек, жалфија, мајчина душица, магдонос, коријандер, зелен лиснат зеленчук како зелена салата, млад кромид, брусница, брокула, зелка и карфиол. Исто така, лутите зачини како лутата пиперка и чили во прав се добри извори на овој витамин.
Секогаш барајте совет од вашиот лекар пред да земете додатоци на магнезиум и витамин К, бидејќи прекумерната употреба може да има несакани ефекти, особено ако земате други лекови.
Следете не, не има насекаде