декември 21, 2024

Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во Лигата на шампионите. Сметајќи ја и минатата сезона на Пелистер му требаа 20 натпревари. Вечерва во Данска, македонскиот шампион го победи вице првакот на Данска, Федериција со 25:23 (9:12).

Никола Митрвски блескаше на голот, со 15 одбрани беше најдобриот играч на теренот. Пелистер одигра лошо прво полувреме, во финишот му дозволи на домашниот тим да се одлепи на разлика од три гола.

Вториот дел се играше по нотите на Митревски, блескаше на голот одбрани 40 отсто од ударите, а тоа во нападот го материјализираа неговите соиграчи.

Стрелците кај Пелистер ги предводеше Кузмановски со пет гола, по четири постигнаа Пешевски и Хосни.

Во Лигата на шампионите следува 20-дневна пауза, а потоа Пелистер ќе го пречека тимот на Федериција.

The post Пелистер (конечно) победи во Лигата на шампионите, Митревски блескаше на голот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK