декември 28, 2024

Во близина на касарната Куманово денеска на пладне полициски службеници извршиле контрола на моторно возило, при што утврдиле дека возачот врши превоз на стока без лиценца, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во близина на касарна Куманово околу 12 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово. При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца, наведуваат од Министерството.

Од МВР посочуваат дека за настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба во висина од 2.500 евра за правно лице и 750 евра за одговорното лице во фирмата, како и 1000 евра по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување.

The post Санкции за кумановец за превоз на стока без лиценца appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK