Над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земјоделци ќе ги промовираат нивните домашни производи на настанот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ што ќе се одржи денеска во паркот Авионче во Ново Лисиче.
Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оваа манифестација ќе се промовираат домашните и традиционални производи.
– Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот. За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности, наведуваат од МЗШВ.
Настанот го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – FAO, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.
The post Во паркот Авионче во Ново Лисиче денес ќе може да пробате домашна традиционална храна appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде