ноември 15, 2024

Викендов во Крушево се одржува вториот модул на Школата за женски активизам Жени во политиката: Изградба на вештини за ефективно лидерство во организација на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија. 

Вториот модул го отворија градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски и градоначалникот на општина Крушево Томе Христовски кои говореа за модерна и професионална локална самоуправа, за улогаѕа и значењето на советниците, како и за вклучувањето на жените во локалната заедница. 

Герасимовски потенцираше дека улогата на жените во политиката е од големо значење затоа што ја зголемува ефикасноста на локалната власт. 

„Во Општина Центар над 60% од вработените се жени, односно, од 111 вработени лица 66 се жени, а 45 се мажи. Од вкупно 9 сектори во Општината, во седум од нив раководат жени. Од 24 одделенија, во 16 раководат жени. Во моментов, владата има најмал процент на жени министерки во нејзиниот состав, со што тука ја гледаме разликата помеѓу левицата и десницата. Левицата секогаш вложува во женското лидерство затоа што кога жените водат се зголемува продуктивноста, лојални се и прават позитивни промени на локално и централно ниво”, истакна Герасимовски. 

Христовски посочи дека мора да се избориме што повеќе жени да се вклучат во политиката.

„Можеме да зборуваме за модерни и транспарентни локални заедници единствено доколку ги активираме жените и девојките. Советниците се тие кои ги претставуваат интересите на граѓаните и мораме да го слушаме гласот на сите, на млади, на жени, на мажи, на пензионери, на сите граѓански организации”, рече Христовски. 

На вториот модул, учество ќе земат и претседателот на Здружението Рубикон Владимир Караев, новинарот, активист и тренер Огнен Јаневски, како и комуникологот Тоше Зафиров. 

Школата за женски активизам има за цел да образува и тренира жени и девојки од Северна Македонија кои имаатамбиции да се вклучат поактивно во политичките процеси на локално ниво. 

Програмата ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење, но и практични вештини и способности во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, процес на креирање на политики, политичката комуникација и односите со јавноста во периодот од октомври до декември 2024 година. 

The post Герасимовски на Школата за женски активизам: Во Општина Центар над 60% од вработените се жени appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK