ноември 22, 2024
Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“.

– Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини луѓе без никаква одговорност, портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Мемоарите на Хари беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред глобалното објавување, што е закажано на 10 јануари.

Во еден дел од книгата, 38-годишниот принц ги опишува своите два престоја во Авганистан. Тој првпат беше во Авганистан како контролор на летање во 2007/08 година и повторно во 2012 година, кога беше копилот во хеликоптери Апачи. Тој пишува за бројот на луѓе што ги убил во Авганистан.

– Тоа не е статистика што ме исполнува со гордост, но не можам да кажам дека ми е срам. Кога се најдов во жарот на битката, не мислев на луѓето, ги замислував како шаховски фигури отстранети од таблата, лошите момци се елиминирани пред да им се даде шанса да ги убијат добрите момци, пишува принцот Хари.

Тој во мемоарите пишува за недоразбирањата со неговиот брат, престолонаследникот Вилијам, како и за неговата употреба на дрога и како ја изгубил невиноста.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK