УЕФА се огласи во јавноста со соопштение, а повод е доделувањето на наградата Златна топка.
Овогодинешното доделување на Златната топка во организација на „Франс фудбал“ и за прв пат во соработка со Европската фудбалска унија (УЕФА) продолжува да предизвикува полемики и реакции.
Се разгореа дебатите кој ја заслужил престижната награда, со поделени мислења, некои сметаа дека Родри ја заслужил, други го критикуваа однесувањето на Винисиус пред церемонијата, тврдејќи дека поради арогантното однесување „заслужил да биде дисквалификува“.
Исто така, се коментира и критикува однесувањето на Реал, клуб за кој некои тврдат дека повеќе не е пример за водење бизнис со стил.
Социјалните мрежи беа преплавени со тврдења дека УЕФА имала влијание врз исходот од гласањето, па дури дека влијанието го икористил претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
УЕФА брзо реагираше на овие шпекулации, објавувајќи соопштение во кое јасно ги отфрли сите тврдења за наводна вмешаност.
„Категорично отфрламе какви било приказни за наводната вмешаност на УЕФА во исходот од гласањето за победниците на Златната топка. Ниту УЕФА ниту нејзиниот претседател не објавија никакви изјави или коментари за резултатите од изборот. Ваквите извештаи се целосно неосновани и не ја отсликуваат реалноста. Ќе го задржиме нашето право да покренеме правна постапка против сите оние кои шират такви лаги“, велат од УЕФА.
The post УЕФА се огласи по повод Златната топка, се закани со тужби appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде