декември 23, 2024

„Германската Влада одлучи да ги префрли проблемите што ги создадоа нејзините претходници врз нашата земја. За таа цел, таа планира да го конфискува рускиот имот за обнова на Украина“, рече Вјачеслав Володин, претседателот на Државната дума

Москва би можела да возврати со слични мерки доколку Германија одлучи да ги искористи замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во обновата, предупреди висок руски претставник.

„Германската Влада одлучи да ги префрли проблемите што ги создадоа нејзините претходници врз нашата земја. За таа цел, таа планира да го конфискува рускиот имот за обнова на Украина“, рече Вјачеслав Володин, претседателот на Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент.

„Имаме право да преземеме слични чекори во однос на имотот на Германија и другите држави“, рече тој во објава на Телеграм.

Володин рече дека европските земји, особено Германија и Франција, „ќе платат за она што се случува во Украина“.

„Не само затоа што нивните економии се најсилни во ЕУ. Туку [поранешната германска канцеларка Ангела] Меркел и [поранешниот француски претседател Франсоа] Оланд, кои, откако ги саботираа Договорите од Минск, светската заедница ги препозна како виновници за конфликтот во Украина“, рече тој.

„Со признавањето дека Договорите од Минск биле искористени за милитаризирање на режимот во Киев и за негово подготвување за воени операции против цивилите во Донбас и Крим, Меркел докажа дека таа и Оланд ја измамиле меѓународната заедница“, рече Володин.

Тој мислеше на коментарите на Меркел во интервјуто кое таа за германските медиуми го даде минатиот месец и во коешто рече дека договорите постигнати со посредство на Франција и Германија во 2014 и 2015 година биле само за да ѝ купат време на Украина да стане посилна.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK