Тетовската полиција привела двајца жители на градот откако по сообраќајна незгода, физички се пресметале.
На 02.11.2024 година во 13.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово, ги привеле А.А.(35) од село Боговиње, и М.Б.(42) и Х.Б.(32) двајцата од село Порој, кои по случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, додека полициските службеници вршеле обезбедување на лице место од незгодата, случена на кружен ток од улицата „Видоје Смилевски Бато“ и улицата „Илинденска“. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.
The post Тетовци направиле сообраќајка, па се истепале appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде