ноември 15, 2024

Скопските улици секојдневно сведочат на возење со голема брзина, без почитување на сообраќајните правила, што резултира во зголемен број сообраќајни несреќи.

Се чини дека многумина возачи не ја почитуваат светлосната сигнализација и минуваат на црвено, а полицијата ретко е присутна за да ги санкционира овие прекршоци.

На видеото се забележува возило со вклучени флешери кое поминува на црвено на среде крстосница. Доколку ова возило е од возниот парк на МВР е уште пострашно што службеници дозволуваат да се загрози безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

Можеби се работи и за цивилно возило, бидејќи сè почесто може да се сретнат автомобили со нелегално инсталирани флешери, а ако граѓаните ги забележуваат зошто не реагира полицјата, што создава уште поголема несигурност и ја влошува веќе хаотичната сообраќајна ситуација низ главниот град.

The post Вака се дивее низ скопските улици, каде е полицијата? (ВИДЕО) appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK