Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Лас Палмас во натпреварот од 12. коло на шпанската Ла Лига, а еден од најзабележителните играчи на теренот беше – синот на тренерот на „јорганџиите“.
Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид заврши со резултат 2:0 (1:0).
Атлетико апсолутно доминираше од првата до последната минута, но неговите играчи успеаја да постигнат само два гола. Лас Палмас во текот на целиот меч имаше само една опасна закана кон голот на Облак по ударот од далечина на Фабио Силва.
Натпреварот ќе остане запаметен по водечкиот гол, кој го постигна Џулијано Симеоне. Тоа е првиот гол во црвено-белиот дрес на Атлетико на 21-годишниот аргентински напаѓач, најмладиот син на тренерот Диего Симеоне.
Тој одлично реагираше во 37. минута по асистенцијата на сонародникот на Молина и ја затресе мрежата на гостите од Канарските острови.
Дилемите околу конечниот победник ги реши Александер Серлот во 83.минута и сега е најдобар стрелец на тимот со четири гола.
За жал, натпреварот го одбележа и повредата на гостинскиот голман Јаспер Силесен, кој се здоби со повреда на главата по Нахуел Молина, кој го удри со копачка во главата. Холанѓанецот продолжи откако му беше укажана лекарска помош, но по две минути повторно бараше помош и на носилки беше изнесе од теренот.
The post (Видео) Чолито за триумф на Атлетико над Лас Палмас appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде