ноември 23, 2024

Синдикатите бараат подобри плати за нивните членови поради кризата предизвикана од зголемувањето на животните трошоци, со инфлација од речиси 11 отсто, но преговорите се одолговлекуваат.

Речиси сите линии на возовите низ Велика Британија сѐ уште се во прекин бидејќи синдикатите одбиваат да се повлечат од нивното барање за пристојни плати.

Синдикатите бараат подобри плати за нивните членови поради кризата предизвикана од зголемувањето на животните трошоци, со инфлација од речиси 11 отсто, но преговорите се одолговлекуваат бидејќи страните се обвинуваат меѓусебно за неуспехот за изнаоѓање решение.

Членовите на Синдикатот за железници, поморство и транспорт (RMT) го започнаа својот штрајк во вторникот и средата, додека машиновозачите претставени од Асоцијацијата на инженери на локомотиви и пожарникари (ASLEF) – што претставува 96 отсто од машиновозачите во Англија, Шкотска и Велс, одржаа протест вчера.

Членовите на Синдикатот го продолжија штрајкот и денеска, што ќе влијае на патувањата и во текот на викендот, бидејќи штрајкот се планира да продолжи до недела.

Мик Линч, генералниот секретар на Синдикатот, ја префрли вината на Владата, велејќи дека има „невидено ниво на мешање на министрите“.

Во изјавата Линч истакна: „Работевме со железничката индустрија за да постигнеме успешни договори уште од приватизацијата во 1993 година и постигнавме договори во 2021 и 2022 година во кои Министерството за транспорт нема никакво учество. Сепак, во овој спор постои невидено мешање на министрите, што ги попречува работодавците во железницата да преговараат за пакетот мерки со нас, со цел да го решиме спорот.“

Британскиот секретар за транспорт, Марк Харпер, ги отфрли обвинувањата, изјавувајќи за „Скај њуз“ (Sky News): „На маса е понудена фер и разумна понуда за платите. Немаме јама без дно со парите на даночните обврзници. Даночните обврзници вложија огромна сума во железничката индустрија во последните неколку години кога беше погодена од огромното влијание на пандемијата кога луѓето не патуваа.“

Со оглед на тоа што британската Влада се очекува да усвои закон за „минимално ниво на услуга“, синдикалните лидери предупредија дека регулативите за ограничување на штрајковите може да имаат индиректно влијание.

Раководството на АСЛЕФ треба да се сретне со Хју Мериман, министерот за железници, в понеделник.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK