Како по традиција охридските стрелци бележат високи пласмани и освојуваат медали на Меѓународниот турнир во Благоевград во гаѓање со воздушно оружје.
На турнирот учествуваа повеќе од 100-тина стрелци од КСС „Левски“,-Софија, КСС-ЦСК-Софија, СК „Кавадарци“-МКД, КСС „Тракиа“-Пловдив, КСС „Санел“-Сандански, СК „Охрид“, АП Спорт-Велико Трново, ЖСК Лихнидос како и членови на стрелачкиот клуб „Пирин“- домаќин и организатор на турнирот.
За охридските стрелци ова натпреварување е престиж бидејќи своите сили ги одмеруваат со европски и светски шампиони во спортското стрелаштво. И покрај силната конкуренција, речиси во сите категории и дисциплини охриѓани се закитија со медали, нформира Валентина Гоџоска, тренер-координатор.
Првиот натпреварувачки ден, веднаш по пристигнувањето, настап имаа охридските стрелци во микс тим: Теодора Спироска и Кристијан Балоски од СК „Охрид“-на пушка и пласман на втората позиција. Веднаш по нив, настап имааа екипите во мешан состав на пиштол: Наталија Савеска и Ванчо Каранфилов, како и Климент Мостро и Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос.
Повторно место на пиедесталот
и за двете екипи на втората односно третата позиција, пред нив само екипата во чиј состав влегува Калојан Стаменов носител на сребрен медал од светски Куп. За младите Никола Тодороски и Милица Кочовска од СК „Охрид“ пласман на 4-тата позиција во микс тим, вели Гоџоска.
Вториот натпреварувачки ден, настап имаа најмладите на пушка и повторно следувало пријатно изненадување. Иако ова било дебитански настап за Ирина Кусева на меѓународен план, успеа да се закити со сребрен медал во категорија на помлади јуниори на пушка. Деа Стојаноска и Тамара Кичеец, за која, исто така, ова бил прв настап надвор од државата, не успеаа да обезбедат пласман меѓу првите три позиции.
Во истата дисциплина во јуниорска категорија, повторно влез во финале за Кристијан Балоски и Теодора Спироска. По првото место во квалификации за Кристијан Балоски, во финалната борба пласман на втората позиција. Ненамерен пропуст за Теодора Спироска од наша страна, на која поради мало задоцнување судиите не и дозволија да настапи, па таа не можеше да се вклучи во борбата за медал во финалето. Кај жените на пушка, пласман на 4-тата позиција за Ива Маленко од СК „Охрид“, посочува.
Третиот ден настап имаа стрелците во дисциплината воздушен пиштол. Најмладите јуниори Никола Тодороски и Ана Мостро, за која овај е исто така дебитантски настап, успешно ги одмерија силите со далеку
поискусните стрелци во нивна категорија, но за жал не успеаја да обезбедат пласман меѓу првите три позиции, па така Никола заврши како 4-то пласиран, а Ана на осмата позиција.
Младите јуниори Иван Милевски и Климент Мостро изборија пласман во финалето. Таму пак тие приредија своевиден спектакл. Борба до самиот финиш за првите три позиции, каде притисокот, измешаните емоциите од страв и желба за победа, како и помоќните противници беше неизвесна до самиот крај, но сепак, истрајноста, посветеноста во изработката на секој поединечен истрел ги загарантираа првата и третата позиција на пиедесталот за Иван Милевски и Климент Мостро, истакнува Гоџоска.
Еуфоријата во охридските клубови, вели, траеше и во настапот на јуниорките Наталија Савеска како и нејзините клупски другарки Стефани Савеска и Милица Кочовска. За жал, посочува, Милица Кочовска не успеа да обезбеди влез во финалето, додека пак во финалната борба и Стефани не успеа да заземе една од првите три позиции.
Само Наталија Савеска ја имаше привилегијата да се искачи на третата позиција на пиедесталот. Кај сениорите на пиштол и покрај очекувањата немавме финалисти. Ванчо Каранфилов и Даниел Михајловиќ своите „оружја“ ги позајмија на помладите стрелци, од кои реално се очекува да напредуваат во спортските кариери, па по извршените корекции на нишанските справи и ракохвати, исходот не беше во полза на сениорите. И за Велибор Балоски како и за Каранфилов и Михајловиќ немаше влез во финале, додава.
Но, несебичната помош, вели која што ја дадоа на младите стрелци воопшто не ја помати нивната желба за пласман меѓу најдобрите, каде повторно учествуваше неколкукратниот носител на медали од Светски Купови и Европски првенства Самоил Донков.
Веќе од денес започнуваат подготовките на стрелците за преостанатите два Куп натпревари на МССФ, како и припреми на дел од репрезентативците за јубилејниот 10-ти Walther Youth Cup- Smederevo, Белград Grand Prix, Grand Prix&Christmas Cup-Осијек и последниот во Пловдив-„Тракиа 2024“.
OhridNew
Следете не, не има насекаде