ноември 15, 2024

По повод 80 години од Денот на ослободувањето на Прилеп, на Свечена седница на Советот на општината Прилеп, синоќа беа доделени традиционалните Трето-ноемвриски награди на најзаслужните граѓани, компании и здруженија во општина Прилеп. Австралиско Македонското Друштво Методија Андонов – Ченто од Сиднеј беше предложено од голем број на училишта и културни работници од градот за хуманитарни дејности и заслуга за негување на традициите за  Награда – Плакета, по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп на: Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј за негување на традициите и донации за најмладите во спортот. Наградата во име на друштвото ја прими г-н  Гоце Бумбароски .

Членовите на друштвото по повод овој настан имаа можност да се обратат до присутните гости , прилепчани и градот Прилеп

Инаку, чествувањата по повод 80 годишнината од ослободувањето на Прилеп од фашистичкиот окупатор, под мотото „80 години со љубов за Прилеп“ градот го започна неколку дена порано, со низа културни и спортски манифестации и со полагање венци и свежи цвеќиња на спомениците од хероите, кои своите животи ги дале за слободата на Македонија со што Прилеп достоинствено ја чествуваше 80 годишнината од Денот на своето ослободување.

 

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK