Недостатокот на магнезиум е често занемарен здравствен проблем. Ова се знаците кои покажуваат дека на вашето тело му недостасува овој минерал.
Грчеви
Најчестиот знак дека ви недостасува магнезиум се болки и грчеви во мускулите.
Ментални нарушувања
Недостатокот на магнезиум може да предизвика недостаток на емоции, делириум, па дури и кома. Лекарите велат дека и недостатокот на магнезиум може да предизвика и мачнини, дисфункција на нервите и пореметување на менталното здравје.
Остеопороза
Недостатокот на магнезиум може да предизвика ризик од остеопороза. Кога на вашето тело му недостасува магнезиум, тоа може да ги ослабне коските и да предизвика намалување на нивото на калциум кој е клучен за здравјето на коските.
Умор и слабост на мускулите
Недостатокот на магнезиум може да предизвика умор или слабост на мускулите. Меѓутоа, ова не се специфични знаци дека ви недостасува магнезиум и затоа е потребно да обрнете внимание и на некои други симптоми и знаци.
Висок крвен притисок
Доказите сугерираат дека недостатокот на магнезиум може да го зголеми крвниот притисок, а ова го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања.
Астма
Недостатокот на магнезиум е поврзан со тешка астма. Научниците веруваат дека недостатокот на магнезиум може да биде симптом на тежок случај на астма, но потребни се дополнителни истражувања.
Неправилна работа на срцето
Еден од симптомите дека ви недостасува магнезиум е појава на аритмија т.е неправилна работа на срцето, што може да го зголеми ризикот од појава на сериозни компликации како мозочен удар или инфаркт. Суплементите и храната богата со магнезиум може да ги ублажат симптомите на аритмија.
За да избегнете недостаток на магнезиум треба да консумирате семки од тиква, бадеми, темно чоколадо, кикирики и пуканки.
Следете не, не има насекаде