Во американската сојузна држава Јута, се случи еден од најтрагичните настани во историјата на државата. Во масовно пукање, загинаа 8 лица од кои 5 беа малолетници.
Инцидентот се случил во дом во градот Енох.
Според соопштението, полициски службеници од полициската управа на градот Енох извршиле проверка на домот и нашле мртви тројца возрасни и пет малолетни лица.
Според соопштението, секоја жртва се здобила со прострелни рани.
Официјалните претставници рекоа дека нема закана за јавноста и дека не веруваат дека има осомничени за пукањето кои се на слобода.
Истрагата е во тек.
Полицијата не даде детали за идентитетот, ниту за возраста на жртвите.
Следете не, не има насекаде