септември 23, 2024

Светското население во наредните 27 години би можело да порасне за 1,7 милијарди луѓе. Вкупната популација во 2050 година наместо сегашните 8 милијарди би изнесувала 9,7 милијарди жители, велат анализите на Обединетите нации. Во предвидувањата за растот на населението се истакнува дека до 2030 година светската популација ќе достигне 8,5 милијарди, а во периодот од 2080 до 2100 година бројот на жители на земјината топка ќе се искачи на 10,4 милијарди.

Според информациите на официјалната страна на ОН населението во светски рамки во овој момент е повеќе од три пати поголемо од средината на дваесеттиот век.

Сепак, прогнозите за Балканот не се толку оптимистични.

Она што треба да ги загрижува државите на Балканот е поврзано со предвидувањата за регионите каде се очекува намалување на населението. Според податоците на Обединетите нации, намалување до 2050 година ќе има во 61 држава или област, а 26 од нив ќе имаат намалување од најмалку десет до петнаесет отсто. Анализите покажале такви тенденции во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија. Тука се и Романија, Молдавија, Литванија Унгарија, Украина, Латвија, Јапонија.

Повикувајќи се на податоците од World Population Prospects за 2022, ОН објавува дека глобалната стапка на фертилитет се очекува од сегашните 2,3 деца на една жена до 2050 да опадне на 2,1 дете на една жена.

Африка: најбрзо растечки континент

Драматичниот раст на населението според светската организација е поттикнат од зголемениот број на луѓе на репродуктивна возраст, зголемениот животен век на човекот, урбанизацијата и забрзаната миграција. Најголем дел од земјите со голем на населението се сиромашни и имаат ниски приходи по глава на жител.

Се проценува дека најголем раст на населението ќе има во Африка. Во некои делови од овој континент е можно дуплирање на населението до 2050 година.

Кина и Индија најнаселени

Според податоците на Обединетите нации Кина и Индија се најнаселени држави во светот. И двете имаат над една милијарда жители. Граѓаните на Индија и Кина како што се вели во анализата на ОН сочинуваат 36 отсто од светската популација.

Се предвидува дека Индија ќе ја надмине Кина според бројот на жители и дека населението во Кина до 2050 година ќе се намали за 2,7 отсто.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK