Дербито на Хрватската кошаркарска лига меѓу славниот Шибеник и Динамо Загреб остана во сенка на скандалозната тепачка на кошаркарите на теренот.
Шибеник го доби натпреварот со резултат 82:75, но натпреварот го одбележа општ хаос на теренот.
По крајот на натпреварот најпрвин дојде до конфликт помеѓу домашниот репрезентативец Јосип Јуркиќ и играчот на Динамо Карл Микшиќ.
Почнале да се туркаат, а во еден момент се фатиле за врат.
И тоа беше сигнал за другите играчи да се активираат во овој конфликт, па дури и дел од публиката.
Капитенот Мартин Јунаковиќ со 19 и Миха Шкедељ со 17 поени го предводеа тимот на Шибеник до победата, додека кај гостите најефикасен беше ветеранот Иван Новачиќ со 14 поени.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) November 9, 2024
The post (Видео) Хаос во хрватското дерби: Жестока тепачка меѓу играчите, влетаа и навивачите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде