– Русија соопшти дека во следните месеци ќе започне со масовно производство на нови системи за електронско војување и системи против беспилотни летала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За еден до два месеца се планира да се завршат државните тестирања и да се премине на масовно производство на фундаментално нова генерација на системи на авијациско и копнено електронско војување и борбени беспилотни летала“, соопшти преку Телеграм руската државна компанија за одбрана „Ростек“.
Во соопштението се наведува и дека „Ростек“ го зголемува темпото и обемот на производство на оружје, специјална и воена опрема.
„Зборуваме за јуришни и транспортни хеликоптери, нови и модернизирани борбени ловци, бомбардери, стратешки носачи на ракети, авиони за транспорт и борбена обука“, се додава во соопштението.
Понатаму се нагласува дека „Ростек“ и неговите филијали ѝ трансферираат на руската војска лесно оружје и муниција, беспилотни летала за различни намени, лесно преносливи противавионски ракети и противтенковски системи.
„„Ростек“, исто така, произведува опрема за електронско војување од копно, воздух и море, опрема за идентификација, опрема за мерење за специјални намени и друго“, се додава во соопштението.