ноември 13, 2024

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и британскиот крал Чарлс денеска присуствуваат на годишната церемонија во чест на припадниците на британската армија кои загинаа во двете светски војни.

Чарлс положи венец на кенотафот во Лондон и водеше двеминутно молчење во спомен на загинатите во двете светски војни, како и на оние кои загинаа во други конфликти во кои беа вклучени британските и силите на Комонвелтот.

Бакингемската палата вчера објави дека кралицата Камила нема да присуствува на комеморацијата поради пневмонија.

Околу 10.000 ветерани денеска ќе парадираат во Лондон, кои ќе претставуваат 326 различни вооружени сили и цивилни организации.

The post Кејт Мидлтон се појави на церемонијата на Денот на примирјето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK