декември 23, 2024

– Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким на вечерашната средба со премиерот Еди Рама ги разгледале “достигнувањата во односите меѓу САД и Албанија во текот на 2022 година”.

„Амбасадорката Ким и премиерот Рама потврдија дека, додека ја заокружуваме годината на одбележување на 100 години од првичното воспоставување на односите меѓу САД и Албанија, нашето партнерство е посилно од кога било“, се наведува во соопштението на амбасадата.

Во фокусот на дискусијата биле  и начините за продолжување на зајакнувањето на билатералната соработка на полето на демократијата, одбраната и бизнисот во текот на 2023 година.

Амбасадорката Ким ја изразила благодарноста на Соединетите Држави за лидерството и важните придонеси на Албанија во текот на првата година од двегодишното претседавање на Албанија со Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Таа го препозна придонесот на Албанија за регионалната интеграција и стабилност, вклучително и за време на апелот на Албанија за воздржаност во северно Косово. Во меѓувреме, Соединетите Држави ги осудија сите напади врз косовските и меѓународните безбедносни агенции, како и заканите со насилство и заплашување и изразија целосна поддршка за КФОР и ЕУЛЕКС“, се додава во соопштението од американската амбасада.

Амбасадорката Ким е на крај на нејзиниот тригодишен мандат што го почна во јануари 2020 година.

Според медиумите кои се повикуваат на дипломатски извори нејзин наследник најверојатно ќе биде Дејвид Костеланик.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK