Денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
Исто така, денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(40) од село Зрновци, општина Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ш. е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
The post Приведени двајца бегалци од затвор appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде