Заедно со гејмерот Resistance, кој сè уште самоуверено го држи првото место, до неодамна, Илон Маск беше еден од двајцата Американци кои беа наведени меѓу најдобрите 20 играчи на хит играта на Blizzard.
Кога Илон Маск лежерно спомна за време на неодамнешното гостување кај Џо Роган дека е еден од најдобрите играчи на Diablo IV во светот, повеќето гледачи беа изненадени.
Elon Musk is ranked top 20 in the world in the video game Diablo. 1 of only 2 Americans on that list. pic.twitter.com/fxEK8Z6lgz
— Jhen Phillip (@JhenPhillip) November 4, 2024
Всушност, на многумина веројатно им било тешко да поверуваат дека најбогатиот човек на светот има доволно слободно време за игри.
Сепак, како што објави Форбс, набрзо се покажало дека Маск не лаже, односно дека во тој момент навистина бил меѓу најдобрите 20 играчи кога станува збор за временски ограничени премини на endgame занданата наречена The Pit (Tier 150). Имено, иако вообичаено претпочита Barbarian, Маск сепак стигна до 19-то место играјќи го Spiritborn (Quill build), нова класа воведена во минатомесечната експанзија Vessel of Hatred.
Но, таму не се задржа предолго, а поради немилосрдната конкуренција веќе успеа да се лизне на 33. место.
The post (Видео) Маск е еден од најдобрите во оваа видео игра appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде