МВР потврди дека две возила на Агенција за разузнавање се судриле сами со себе додека биле паркирани пред ресторан.
Кампања на МВР и Републички совет за безбедност во сообраќај) Полицијата потврди дека две возила на Агенцијата за разузнавање се судриле иако биле паркирани во Кисела Вода. Во инцидентот кој се случил во четвртокот попладне настрадал и „цивилен“ моторцикл.
Според информациите на Телма, автомобилите биле користени од обезбедувањето и придружбата на директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева која со надворешна делегација била на ручек во ресторан. Не е познато што згрешиле разузнавачите при паркирањето на службените возила, дали заборавиле да кренат рачна бидејќи местото на сударот е во населбата Теферич каде улиците имаат угорници и кривини.
Агенцијата не извести за инцидентот во кој покрај на државен имот е нанесена штета и на имот на граѓанин, ниту какви постапки се покренати против вработените по чија грешка се случил сударот. МВР немаше информација за сударот во дневниот билтен бидејќи немаше повредени.
Во одговорот до Телма го потврдија случајот:
-На 07.11.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мариовска“ во Скопје патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки удрило во паркирано патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки кое по инерција се придвижило и удрило во „хјундаи елантра“ со скопски регистарски ознаки и двете сопственост на Агенција за разузнавање. По ударот од возилото „шкода октавија“, второто возило се придвижило и удрило во паркиран мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки. Нема повредени лица. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Следете не, не има насекаде