ноември 13, 2024

Жоао Переира, поранешниот тренер на резервниот тим на Спортинг, е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на португалскиот клуб.

Переира, кој на оваа позиција го замени новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потпиша договор до 2027 година.

„Гордост, привилегија и чест е да се биде претставен во Спортинг“, изјави Переира.

„Переира (40) во својата тренерска кариера беше тренер на резервниот и младинскиот тим на Спортинг, а како играч настапуваше за седум клуба меѓу кои Спортинг, Бенфика, Брага и Валенсија.

За португалската репрезентација одигра и 40 натпревари.

João Pereira 2⃣0⃣2⃣7⃣ pic.twitter.com/jrJdni1y6f

— Sporting CP (@SportingCP) November 11, 2024

Спортинг е прв на табелата во португалската лига со 33 бодови, шест повеќе од второпласираниот Порто.

The post Спортинг назначи замена за Аморим appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK