ноември 14, 2024

Роберто Де Зерби (45) во последните две сезони е хит тренер во европскиот фудбал. Италијанецот одлично се снајде во Брајтон, на крајот од сезоната кога објави дека ќе замине од „Амекс“ стадионот, доби неколку понуди, реши да ја прифати онаа од Марсеј.

Марсеј има шест победи, две нерешени и три порази, моментално е на третото место во францускиот шампионат.

Де Зерби се обиде на посебен начин да ги мотивира своите играчи. „Л’Екип“ пишува дека по домашниот пораз од Оксер (3:1) минатиот петок, Де Зерби на проекторот ја покажал понудата за договор што ја добил од Манчестер јунајтед во пресрет на оваа сезона.

Сумата која му била понудена, била заматена во договорот, па не се знае колкава плата му понудиле од „Олд Трафорд“.

Де Зерби им порачал на играчите: „Можев да бидам тука, но ја ставив страста пред парите. Дојдов во Марсеј поради страст“.

Во текот на својата кариера, Де Зерби ги водеше Дарфо Боарио, Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло, Шахтјор Доњецк и Брајтон.

The post Де Зерби на играчите на Марсеј им го покажал договорот што му го понудиле од Манчестер јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK