Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 42 кубни метри непрописно одложен отпад.
Дел од активностите се одвиваа на улицата 1615 во општината Аеродром, во непосредна близина на Џевахир холдинг, каде што е отстранета дива депонија составена од 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад.
Интервенирано е и на улицата Доситеј Обрадовиќ, во општината Кисела Вода, каде што се подигнати околу 7 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања, како и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов во општината Чаир, каде што се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
Воедно, екипите на Претпријатието, во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Јуриј Гагарин, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во скопската општина Карпош.
The post Подигнати 42 тони отпад од неколку скопски општини appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде