ноември 14, 2024

Културно едукативниот центар Лабораториум со низа активности денеска ќе го прослави денот на ослободувањето на Скопје.

Како што соопштуваат од Лабораториум, во 19 часот преку „Скопскиот квиз“ водителот Никола Наумовски ќе го „тестира“ знаењето на гостите за главниот град. Победникот ќе биде награден со 10 гратис пијалоци на игранката.

Од 20 часот, во халата на Лабораториум, ќе започне главниот дел на прославата наречен „Скопска игранка“. 

-Диџеите Зоран Ингилизов и Влашки ќе ги разиграат гостите со најубавите стари македонски шлагери и светски хитови од 50, 60, 70 и 80 години на минатиот век. За уште поубаво одбележување на празникот, учениците од ОУ „Лазо Трповски“ ќе имаат  изложба на цртежи на тема „Колку го сакаме Скопје“, стои во соопштението од Лабораториум.

Освен забавниот, оваа прослава ќе има и хуманитарен карактер. Лабораториум заедно со академското друштво „Делта Му Делта“ при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, ќе организира и акција за донации во соработка со граѓанската организација „Конект“. 

The post Скопска игранка во Лабораториум по повод ослободувањето на Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK