Три кражби се случиле вчера на подрачјето на Чаир каде со употреба на сила одземени се чанти од минувачи.
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека вчера во 18 часот, Р.М.Џ.(46) пријавила дека околу 15:30 часот едно лице со употреба со физичка сила и одзело чанта во која имало пари, лични документи и други лични предмети.
Истиот ден во 19 часот А.Џ.(32) пријавила дека околу 17:10 часот едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе чантата, а откако не успеало, физички ја нападнало.
Во 21 часот, Б.Х.(27) пријавила дека едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе ташната.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Во Чаир три кражби на чанти во еден ден appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде