Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ доживеа благ мозочен удар на 2 ноември, потврди НБА франшизата.
Поповиќ е на кормилото на Спарс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради тогашниот „недефиниран здравствен проблем“.
Реномираниот стратег има 75 години. На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА – 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.
Три пати беше прогласуван за тренер на годината (2003, 2012 и 2014 година) и официјално е еден од 15. најдобри тренери во историјата на НБА.
Поповиќ беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио.
Поповиќ веќе го започнал процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Поповиќ му обезбедила приватност и простор во оваа ситуација.
Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Поповиќ како главен тренер.
The post Грег Поповиќ имаше благ мозочен удар appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде