ноември 14, 2024

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема сериозни повреди, дознава „24 Инфо“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба фрлена во неговата семејна куќа.

„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, испитувања се прават во моментов,“ потврдуваат болнички извори за „24 Инфо“.

Полицијата го започна увидот по експлозијата на бомба во двор во скопска Ќерамидница.

Репортерот на Курир од лице место јавува дека пристапот е ограничен, а екипи од повеќе полициски единици се на терен и вршат увид. Околните жители велат дека експлозијата била многу силна и страшна.

-Првично помислив дека можеби е нешто во топланата, но потоа се утврди дека станува збор за фрлена бомба, вели еден од соседите.

Од полицијата претходно информираа дека пријавата за експлозијата ја добиле во 09:20 часот.

Лицата кои го извршиле нападот сѐ уште не се идентификувани и приведени. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот нема други повредени.

Ова е трет обид за убиство кон Раде Трајковски Штекли. Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт. Во еден од нападите беше погоден со пет куршуми.

The post Први фотографии од лице место – полициски екипи пред домот на Штекли appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK