ноември 14, 2024

Млад возач прегази пешак во Гостивар кој се здобил со тешки повреди.

– На 13.11.2024 во 15.36 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило „смарт“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(26) од Гостивар, удрило во пешакот С.С.(38) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Општата болница Гостивар, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Исто така вчера 85-годишник од Куманово завршил со тешки поврени откако бил прегазен од „пежо“.

На 13.11.2024 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(49) од с.Романовце, кумановско, удрило во пешакот Б.А.(85) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Прегазени 38 и 85-годишни пешаци во два одделни несреќи – тешко се повредени appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK