ноември 14, 2024

Претседателот на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје, Сашо Рајчановски, демантира дека таксистите побарале зголемување на цените за такси превозот, тврдејќи дека ваквите информации што кружат во медиумите се неточни и можат да создадат забуна кај граѓаните.

„Таксистите немаат доставено барање до Советот на Град Скопје за повисоки цени, бидејќи во моментов нема таква потреба. Тарифите ги регулиравме пред две години, кога ставивме три различни тарифи во таксиметрите, така што сега сите возат по втората. Ако некоја компанија сака да вози по трета тарифа, може да го промени ценовникот во возилото,“ истакна Рајчановски, додавајќи дека дезинформациите најверојатно потекнуваат од неинформирани лица.

Скопските таксисти во моментов користат втората тарифа, која подразбира стартна цена од 50 денари и 30 денари по километар. Според претходно донесената одлука на Град Скопје, оваа тарифа е валидна кога цената на горивото е од 75,50 до 119,50 денари за литар. Третата, највисока тарифа, предвидува старт од 60 денари и 35 денари по километар, и важи само ако цената на горивото надмине 120 денари за литар.

The post Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје демантира поскапување на такси превозот appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK