Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Ќерамидница, каде утрово при експлозија на направа во двор на куќа беше повредено едно лице.
Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија, а по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор на објекти.
Подигнатите траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење.
МВР претходно објави дека утрово во дворот на Р. Т. била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата тој добил повреди по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош.
Штекли минатата година двапти беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен.
The post Извршен увид по експлозија во Ќерамидница, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде