Австралискиот премиер Ентони Албанес вчера изјави дека неговата Влада е подготвена да обезбеди помош за жителите на државата Западна Австралија погодени од рекордни поплави.
Тропскиот циклон Ели донесе силен дожд во западниот дел на континентот. Најтешко погоден е Фицрој Кросинг, град со 1.300 жители, каде што намирници беа доставени со хеликоптери поради надојдената вода.
– Овие поплави имаат разурнувачки ефект врз многу од заедниците кои живеат овде и тешко ќе се справат со ова, а нема доволно ресурси Мојата влада е достапна, подготвена да обезбеди каква било помош, изјави Албанес.
Според информациите од државните служби на Западна Австралија, Националните одбранбени сили им помагаат на жителите погодени од поплавите и користат хеликоптери за нивна евакуација.
Вонредната состојба во северозападниот дел на земјата уследи по честите поплави во источниот дел на Австралија во изминатите две години.
Следете не, не има насекаде