ноември 18, 2024

Денеска (18.11.) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), е поднесена кривична пријава против три лица: Б.С. (28) и М.С. (35), двајцата од Гостивар, како и против едно лице со засега неутврден идентитет, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл. 215 став 3 од Кривичниот законик.

Имено, пријавените во период од декември минатата година до ноември оваа година, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на посочената наркотична дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и утврдено е дека за време на наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина од оваа наркотична дрога.

Соодветните организациони единици при МВР продолжуваат со преземањето на мерките и активностите во насока на утврдување на идентитетот на едното од пријавените лица

The post Кривична пријава против три лица поради неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин         appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK