Мајами ја продолжи агонијата на Филаделфија. Предводени од поранешниот играч на Севентисиксерс, Џими Батлер, Хит славеа со 106:89. Мајами се шести на Истокот со шест победи и седум порази, а Филалелфија се наоѓа на претпоследното место со само две победи и 11 порази.
Мајами Хит победникот го решија од третата минута во втората до шестата минута во третата четвртина, период во кој рзултатот беше 43:16.
Батлер го предводеше Мајами со 30 поени и десет скока, Тајлер Хиро додаде 18, а Данкан Робинсон постигна 13 поени. На спротивната страна се истакна Џеред Мекејн со 20 поени, Пол Џорџ уфрли со 18, а Ембид само 11.
Резултати:
Детроит – Чикаго 112:122
/Канингем 26 – Вучевиќ 29/
Њујорк – Вашингтон 134:106
/Бренсон 26 – Валанчиунас 18/
Торонто – Индијана 130:119
/Берета 39 – Матурин 28/
Милвоки – Хјустон 101:100
/Лопез 27 – Ванвлит 26/
Феникс – Орландо 99:109
/Букер 17 – Вагнер 32/
Сакраменто – Атланта 108:109
/Елис 33 – Денијелс 24/
ЛА Клиперс – Голден Стејт 102:99
/Пауел 23 – Кари 26/
The post Тежок пораз за Ембид и Филаделфија во Мајами appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде