ноември 19, 2024

Фото/ ffm.mk

Македонската фудбалска репрезентација од третиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Македонија во квалификациите нема да може да се сретне со: Чешка, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Овие 11 селекции исто така се сместени во третиот шешир.

Променет е квалификацискиот систем за СП, ќе има 12 групи со четири или пет репрезентации, а директен пласман на Мундијалот ќе изборат само победниците во групите.

Сите второпласирани селекции ќе одат во плеј-офот со четирите најдобропласирани селекции од Лигата на нации кои не избориле место на СП.

Носители: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија

Шешир 2: Украина, Турција, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Норвешка, Словачка, Шкотска

Шешир 4: Бугарија, Луксембург, Косово, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Литванија

Квалификациските групи ќе бидат извлечени на 13.декември во Цирих.

Share

The post Македонија од третиот шешир ги чека противниците во квалификациите за СП во 2026 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK