ноември 19, 2024

Епохалното откритите на гробница стара 2600 години во охридското село Корошиште, а полна со извонредно зачувани коски и предмети, и натаму ја бранува јавноста и го возбудува научниот свет. За деталите од ископувањето, за начинот на кој е пронајдена гробницата, како и за самите предмети кои се извонредно сочувани, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа зборуваше археологот Перо Арџанлиев, водител на проектот и најзаслужниот за овој голем успех.

Тој во емисијата презентираше досега невидени фотографии од пронајденото археолошко богатство, а меѓу другото го истакна и фактот дека пронајдениот штит во гробницата е всушност најстариот целосно зачуван ваков предмет во светот.

Арџанлиев зборува и за пораките кои ги добива од европската научна заедница, за плановите во врска со следните ископувања, но открива и цела низа ситни детали поврзани со историскиот успех, кој како што вели се случува „можеби еднаш во генерацијата“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK