ноември 19, 2024

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 45 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Центар и Карпош.

Во општината Кисела Вода се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Димо Хаџи Димов, во близина на драгсторот „Томи“. Во општината Аеродром се расчистени неколку диви депонии долж булеварот АСНОМ, при што се транспортирани вкупно 20 кубни метри отпад.

Во општината Центар е интервенирано на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон средно Водно, каде што се  отстранети санитарни елементи и мебел одложени на тревна површина.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и отпад од картонски пакувања лоцирана на улицата Козара во општината Карпош.

The post Комунална хигиена подигнала 45 кубни метри отпад appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK