Актерката Никол Кидман (57) неодамна откри дека често се буди во солзи размислувајќи за смртноста. Имено, 57-годишната актерка позираше за магазинот GQ и проговори за тоа колку нејзиниот живот се променил во 50-тите.
„Смртност и поврзаност. Животот доаѓа и те удира. Губењето родители, одгледувањето деца, бракот и сите други работи ме прават исклучително емотивна личност. Таков е животот. Животот е дефинитивно патување и тоа влијае на вас како што стареете. Тоа се оние будења во три часот наутро, кога плачете и дишете длабоко“, рече таа.
Таа потоа повторно се осврна на темата за смртноста, размислувајќи за тоа како губењето на нејзините родители и воспитувањето на сопствените деца го променило нејзиниот поглед на животот. „Постои овој аспект на смртноста со кој е тешко да се справите. Кога воспитувате деца, велите: Морам да останам жив. Сакам да го видам сето ова. Многу е тешко, но во исто време и прекрасно и извонредно“, додаде таа.
Инаку, нејзината мајка почина годинава во септември на 84-годишна возраст.
The post Никол Кидман: Се будам во три часот наутро, плачам и тешко дишам затоа што мислам на смртта appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде